Вардар веќе нема предност во трката со Академија Пандев

Македонија Ѓорче Петров и Вардар одиграа 1:1 во меч од 10 коло на Прва фудбалска лига. Вардарци поведоа со голот на Аврамовски на почетокот на второто полувреме, но тимот од Ѓорче Петров не се предаде и преку Јашаровски во 67 минута стигна до 1:1, што на крајот се покажа и какко конечен резултат.

Вардар остана лидер на табелата, но сега има 21 бод, колку што има и второпласираната Академија Пандев. Македонија ЃП е на третото место со 16 бодови.

Во останатите дуели кои се играа денека: Борец – Шкупи 2:1, Работнички – Струга Трим Лум 1:2 и Силекс – Ренова 3:0.

Табела: Вардар 21 бод, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 13, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга Трим Лум 11, Борец 11, Работнички 10 бодови.

- Оглас -

Најнови вести