Вардарецот е херојот на Хрватска, Коцкастите се на чекор од Олимписките игри

Хрватска славеше против Португалија со 25:24 во неверојатен меч од квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио. Во речиси целиот тек од мечот, Португалија водеше, но на крајот Хрватска се радуваше на победа и тоа најмногу благодарение на вардаровиот играч Иван Чупиќ.

Португалија на полувремето водеше со 12:9, а по 36 минути игра веќе имаа водство од шест разлика (16:10). Делуваше дека Хрватска ќе загуби, но Коцкестите се разбудија кога беше најпотребно. Стигнаа до 24:24, а во последниот напад, Лука Циндриќ погоди за 25:24 и комплетирање на неверојатниот пресврт.

Освен Циндриќ кој го даде победничкиот погодок, најдобар играч кај Хрватите беше Иван Чупиќ. Играчот на Вардар имаше перфектен учинок од девет гола во исто толку шута. Чупиќ и во првото коло, во поразот од Франција блескаше и имаше 10 гола од 11 меча, со што само се потврдува дека 35-годишниот играч на Вардар е незадржлив.

На Хрватска сега и останува уште еден меч, утрешниот против Тунис, кој мора да го добие за да се најде на завршницата на Олимписките игри во Токио.

Во останатите мечеви кои денеска се завршени во квалификациите: Германија – Словенија 36:27, Бразил – Јужна Кореја 30:24 и Шведска – Алжир 36:25.

 

- Оглас -

Најнови вести