Вардарова доминација: Петмина играчи во Олстар-тимот на ЛШ

Традиционално, секоја година пред стартот на фајнлфор-турнирот во Келн, Европската ракометна федерација го одбира најдобриот тим за сезоната во Лигата на шампиони. Според ЕХФ, Вардар е доминантен во изборот за Олстар-тимот. Четворица ракометари и тренерот Роберто Парондо се меѓу најдобрите.

Голманот Милосављев е најдобар голман, Тимур Дибиров останува најдобро лево крило, колосот Даиниас Кристопанс го доби признанието за најдобар десен бек, а искусниот Иван Чупиќ е најдобро десно крило. Тренерот Роберто Гарсија ги предводи најдобрите од клупата.

Вардар утре попладне игра против Барселона во полуфиналето од фајнлфор-турнирот, во обид да се повтори успехот од 2017 година.

Олстар-тим во ЛШ за сезоната 2018/19
голман: Дејан Милосављев – Вардар
лево крило: Тимур Дибиров – Варддар
лев бек: Микел Хансен – ПСЖ
среден бек: Кентан Мае – Веспрем
десен бек: Даинис Кристопанс – Вардар
десно крило: Иван Чупиќ – Вардар
пивотмен: Хулен Агинагалде – Кјелце
млад играч: Лудовик Фабрегас – Барселона
дефанзивец: Блаж Благотиншек – Веспрем
тренер: Роберто Парондо – Вардар

 

- Оглас -

Најнови вести