Вашингтон атакува на деветта, Њујорк на 10-та победа во низа

8497 Њујорк никс – Феникс санс (01:30ч)

Никси ќе ја одржат неверојатната низа од девет победи која не им се случила со години, а во во вистински момент го пречекуваат тимот на Феникс, кој загуби во три од последните пет дуели. Иако Сонцињата се втори на Западот и негуваат убави спомени од последните неколку гостувања во „Медисон сквер гарден“, овојпат со спуштени глави ќе си заминат од Големото Јаболко.

Рендл и дружината делуваат незадржливо, предводени од искусниот стратег Тибадо целат на висок пласман во Источната конференција и со сигурност ќе бидат незгодни противници за останатите до крајот на регуларниот дел.

Предлог тип: 1 (2.14)

 

8496 Вашингтон визардс – Сан Антонио спарс (01ч)

Визардси од 2001 година немаа остварено осум победи во низа, но треба уште да се работи за пласман во разигрувањата. Како што стојат работите, серијата на Вашингтон ќе продолжи и по мечот со Сан Антонио, кој исто така се бори за плејофот на Западот, кој пак не е толку разигран иако славеше во четири од последните пет дуели.

Меѓусебните средби на овие две екипи најавуваат висок број поени, а доколку Бил и Вестбрук бидат на нивото, лесно ќе биде да се полни кошот на Спарс.

Предлог тип: 1 (2.13)

 

8347 Орландо меџик – ЛА лејкерс (01ч)

Додека се чека враќањето на Леброн Џејмс, втората ѕвезда на Лејкерси постепено фаќа ритам и треба да се очекува подобрување на играта на актуелниот шампион. Колку и да се Езерџиите ослабени, Орландо победи само еднаш во последните 12 натпревари и се предвидува нов пораз за Магичните од Флорида.

Лејкерси ги добија последните две гостувања кај Орландо, а со евентуален триумф ноќеска, ќе се стави крај на мини-серијата од три порази.

Предлог тип: Т2 >110,5 поени (1.91)

 

8478 Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Мемфис гризлис, 03ч)

Пред шест дена Мемфис тешко настрада од Никола Јокиќ, кој го одведе Денвер до минимална победа во продолженијата со фантастичен учинок од 47 поени и 15 скока. На истиот терен популарниот Џокер треба повторно да блесне бидејќи Гризлите се сериозни противници.

Се бара повеќе од 26 поени на Јокиќ, граница која не ја помина во претходните три меча, па затоа е време да го подобри учинокот.

Предлог тип: Јокиќ >26,5 поени (1.87)

 

8488 Харисон Барнс (Далас маверикс – Сакраменто кингс, 04ч)

Барнс се најде во непријатна ситуација да биде трејдуван за време на натпревар додека беше член на Далас, па ќе сака да ѝ се реваншира на екипата која не го ценеше доволно. Иако Далас е фаворит во мечот, Барнс има доволно искуство да биде голема закана за Дончиќ и дружината.

Крилото на Сакраменто воедно има прилика да ја продолжи серијата на пет меча, во кои постигнал барем 20 поени, а тоа е добро ако се знае дека границата му е 18,5 поени.

Предлог тип: Барнс >18,5 поени (1.80)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести