Вашингтон даде 158 поени во регуларниот дел, но загуби! Како е можно? (Видео)

Од сите 11 мечеви кои утрово се одиграа во НБА-лигата, највозбудливо беше во Вашингтон. Домаќините играа против Хјустон, а мечот беше како да е олстар-дуел. Двете екипи играа речиси без одбрани, па на крајот неверојатно звучи резултатот 159:158, во регуларните 48 минути. Со вкупно 317 поени за 48 минути, тоа е третиот најефикасен меч во историјата на НБА, а да нема продолжување.

Џејмс Харден беше незадржлив и даде 59 поени, а неговиот соиграч Расел Вестбрук веќе вообичаено на крајот заврши со трипл-дабл (17 поени, 10 скока и 12 асистенции). Кај Вашингтон најпрецизен беше Бел со 46 поени. Ова е вторпат во клупската историја на Вашингтон тимот да даде 158 поени во регуларен дел, а загуби. Првпат тоа се случило во 1990 година, кога загубиле со 162:158 од Денвер.

https://youtu.be/zhXS1JdoXco

- Оглас -

Најнови вести