Васоски ги брои чекорите – Поблиску е титулата од лиценцата… (Фото)

Александар Васоски одлично го предводи Вардар сезонава и најтрофејниот клуб е блиску до 11. титула во независна Македионија и вкупно 12. во богатата колекција со трофеи, сметајќи го и единствениот пехар државен шампион на Југославија, но маката е голема, бидејќи „црвено-црните“ се далеку од Европа.

Се уште е неизвесно дали Вардар ќе добие пропусница за евронастап, или популарната лиценца, бидејќи има долгови, кои се уште не се подмирени.

Лидерот веќе почна со тренинзи и во својата база во Хиподром, а неизвесноста лебди, дали ќе се потврди настапот во Европа, кој е заслужен на терен, со 10 бода предност пред Силекс и 11 во однос на актуелниот шампион Шкендија.

Првенството би требало да продолжи на 17. јуни, кој засега е провизорен датум за кам-бек на нашата Прва Лига, а треба да се доиграат четири кола од регуларниот дел и потоа и плејоф за титулата со учестви на шест екипи.

Ќе ги предводи Вардар, кој до паузата поради пандемијата со Ковид-19 има 46 бода, пред Силекс со 36, Шкендија со 35, Ренова со 31.

Интересно е што разликата од четвртопласираните Гипсари од Речица до посладнопласираната Струга Трим Лум разликата е само шест бода, па ќе бидат интересни последните четири рунди во регуларниот дел за фаќање позиции за плејофот.

- Оглас -

Најнови вести