Васоски незадоволен од судиите во БиХ

Сараево загуби од Борац Бања Лука со 0-1, а тренерот Александар Васоски, беше незадоволен од судењето, бидејќи при примениот гол смета дека имало прекршок врз Даниел Аврамовски.

После овој пораз, единствена шанса за Сараево да излезе во Европа е да го освои купот на БиХ, натпреварување во кое ќе игра финале на 19-ти мај во Зеница против Вележ.

„Немам замерки за моите играчи, при голот, беше направен чист фаул над Аврамовски. Борац е клуб со традиција, не му требаше ова. Ова треба да заврши што е можно порано“ – изјави Васоски.

- Оглас -

Најнови вести