Ватерполист кој има играно за родната Хрватска, утре ќе игра за Србија против Хрватска

Репрезентациите на Хрватска и Србија утре од 16 часот ќе играат една против друга во четвртфиналето на Светското првенство во ватерполо, кое се одржува во Унгарија, а средбата ќе биде посебно емотивна за српскиот репрезентативец Марко Радуловиќ.

Радуловиќ е роден во хрватскиот град Риека и во минатото има играно за младите селекции на Хрватска, но во 2018 година реши да настапува за Србија, па утре за првпат ќе игра против своите.

„Играв за младите репрезентации на Хрватска на СП, но потоа две години не добивав повик, а кога од Приморје преминав во Војводина, чекав уште една година, па ја прифатив поканата на Српскиот ватерполо сојуз. Никој од Хрватска ми се немаше јавено, ни од Федерацијата, ни од клубовите, ни од соиграчите. Заклучив дека не сметаат на мене“, изјави Радуловиќ.

- Оглас -

Најнови вести