Денеска на Светското првенство има ватерполо сигурици

Светското ватерполо првенство дојде до нокаут-фазата. Денеска се играат четирите осминафинални дуели, додека четири селекции веќе си имаат обезбедено место во четвртфиналната фаза.

Црна Гора е апсолутен фаворит против Јапонија, а традицијата вели дека на последните пет средби на овие две селекции, Црногорците секогаш победуваат со 6 до 8 разлика.

Италија рутински треба да ја одработи задачата против Австралија. Овие две селекции имаат историја од девет меча досега и секогаш Аѕурите се радувале, што значи дека денеска го очекуваат јубилејниот 10-ти триумф над Кенгурите.

Во пресметката на две европски селекции, Хрватска треба да ја победи Грузија ако сака да си обезбеди место во четвртфиналето против Србија. И тука разликата на крајот треба да биде 5-6 гола.

- Оглас -

Најнови вести