Ватфорд има проблем, на капитенот не му се игра: Нека ме казнат, парите не ми значат ништо

Трој Дини, контроверзниот капитен на Ватфорд, е против продолжување на натпреварите во Премиер лигата, а има интересна изјава и вели дека не му можат ништо.

Англичаните веќе најавија дека фудбал повторно ќе се игра од 12 јуни, но првиот стрелец на Ватфорд е против одлуката на ФА.

„Пред сè, за мене најважно е здравјето на сите во Англија. Особено на моето семејство и не сакам никако да ги загрозам. Фудбалот не е во прв план. Не ми можат ништо. И да ме казнат парично, јас веќе знам како е да си банкрот, така што нема многу да ме погоди и таква одлука“, вели 31-годишниот напаѓач на Ватфорд.

Дини имаше проблеми сезонава, беше повреден, но сепак е прв стрелец на тимот што бие битка за опстанок и е многу важна алка во тимот. Постигна шест гола и е прв стрелец на клубот што има 27 бода и е блиску до зоната за испаѓање со 27 бода, колку што има 18-топласираниот Борнмут, со два бода повеќе од претпоследната Астон вила и шест повеќе од фенерџијата Норвич.

Дини вели дека на челниците на Премиер лигата во услови на пандемијата со корона-вирусот, што опасно ја погоди Велика Британија со 33 илјади жртви досега, најважно им е да се игра фудбал исклучиво заради парите.

„Имам впечаток дека ќе нè вратат на работа, иако е ризично, само за да продолжат да собираат даноци од играчите. Фудбалерите од Премиер лигата плаќаат околу 4 милијарди фунти данок во една година. Тоа е изгледа најважно во моментов“, критикува капитенот на Ватфорд.

 

- Оглас -

Најнови вести