Вавринка го изненади Медведев за четвртфинале на ОП на Австралија

Стен Вавринка е четвртфиналист на ОП на Австралија по победата која ја издвои во тешката пресметка против четврторангираниот тенисер Данил Медведев. Швајцарецот за пласманот се избори преку пресврт, а мечот го доби со 3-2 во сетови (6-2, 2-6, 4-6, 7-6, 6-2).

Во три и полчасовниот дуел Вавринка го избра потешкиот за пласман во следната фаза од Гренд слемот, иако поведе со 1-0 по првиот сет. Медведев фати ритам и за брзо го сврте мечот во своја корист, но далеку од тоа дека работата беше завршена. Тајбрејкот му помогна на Вавринка да го одведе дуелот во решавачки петти сет, кој лесно го доби со два брејка и со користење на првата меч-топка.

Вавринка во четвртфиналето ќе го чека подобриот од пресметката меѓу Зверев и Рубљев.

Претходно утринава Доминик Тим со убедливи 3-0 (6-2, 6-4, 6-4) го совлада Гаел Монфис за, исто така, пласман во четвртфиналната фаза од ОП на Австралија. Австриецот во овие моменти го чека противникот, а ќе го добие по дуелот меѓу Рафаел Надал и Ник Кирјос.

Австралискиот тенисер во пресрет на стартот на средбата против Надал, на теренот во Мелбурн излезе со дресот на легендарниот Коби Брајант, кој вчера трагично го загуби животот. Кирјос му оддаде почит на кошаркарскиот великан и спортска икона.

- Оглас -

Најнови вести