Важеше за еден од најголемите таленти, но денес Мурињо му одржа лекција кој е кој во фудбалот (Видео)

Екипата на Рома загуби со 2-0 на гостувањето кај Болоња, но еден момент од мечот го привлече вниманието на фудбалската јавност не само во Италија, туку и пошироко. Еден од најталентираните фудбалери своевремено, Ренато Санчес, на полувремето беше уфрлен во игра на местото на Спинацола, но во 63-тата минута, Жозе Мурињо се одлучи да го замени.

Фудбалерот зачудено се прашуваше дали е некоја грешка, но очигледно португалецот не беше задоволен од својот сонародник, бидејќи тој делуваше изгубено и незаинтересирано на теренот.

Санчес потекнува од Бенфика, а играше и за Баерн, Свонси, Лил и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести