Вчера го одведе Милан во полуфиналето од ЛШ, денеска доби продолжување на договорот

Италијанскиот гигант Милан го продолжи договорот со напаѓачот Оливие Жиру. Францускиот голгетер го стави потписот на договорот кој ќе го обврзи да остане на „Сан Сиро“ и до јуни 2024 година.

„Милан со задоволство објави дека потпиша нов договор со Оливие Жиру. Оливие, кој е во Милано од летото во 2021 година, се промовираше во важен играч во централниот напаѓачки дел на Росонерите“, стои во официјалното соопштение на Милан.

Жиру за Милан одигра 76 меча и досега постигна 27 гола. Еден од најважните погодоци беше тој што го даде синоќа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ против Наполи, кога Милан одигра 1:1 и тоа беше доволно да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести