Вчера се тепаа и не зборуваа, денеска се гушкаат

Леон Горецка и Џером Боатенг вчера на тренинг на Баерн Минхен имаа конфликт кој предизвика големо внимание во јавноста, но судејќи според фотографијата која ја објавија, тоа е веќе заборавено и двајцата позираа прегрнати.

Горецка имал груб старт врз Боатенг, за што доби укор и од некои други соиграчи, а Боатенг во момент на нервоза со рака го удри Горецка во пределот на лицето. Роберт Левандовски и Томас Милер ги одделија фудбалерите, кои до крајот на тренингот не си прозбореа еден со друг.

„Секогаш опуштени. Фудбалот е емоција“, напиша Горецка, објавувајќи заедничка фотографија со клупскиот колега.

- Оглас -

Најнови вести