Вечер на европскиот и на светскиот првак – Португалија ја победи Србија, Франција лесно против Албанија

Португалија ја победи Србија во дербито на колото во европските квалификации, а во Белград околу 45 илјади гледачи присуствуваа на одличен меч и триумф на европските прваци од 4:2.

Вилјам Карвалјо во финишот на првото полувреме искористи грешка на одбраната на домаќините и му донесе предност на португалскиот состав.

Со најубавиот гол на мечот Гонкало Гуедеш во 58. минјута зголеми на 2:0 за европскиот првак, а потоа кулминираше атмосферата на „Рајко Митиќ“ по првиот погодок за Сербија што го постигна Миленковиќ во 68. минута.

Навивачите на Србија постојано го провоцираа Кристијано Роналдо со скандирање „Меси, Меси..“, а популарниот ЦР 7 им се реваншира со гол за 3:1 во 80. минута.

Александар Митровиќ потоа намали на 2:3 со погодок во 85. минута, а возбудливиот финиш со гол го зачини Бернардо Силва за конечни 2:4.

Франција ја декласира Албанија со 4:1, а стрелци беа Коман двапати, Жиру и Иконе за светскиот првак и Цикалеши за гостите.

Антоан Гризман промаши пенал во првото полувреме за уште поубедлива победа на Французите.

Во терминот од 20.45 часот и Турција победи, но со многу мака и минимално со 1:0 против Андора. Од бламажа во Истанбул домаќините ги спаси Озан Туфан со победнички гол во 89. минута.

- Оглас -

Најнови вести