Вечерва играат двата тима што се во најдобра форма во НБА и се фаворити за триумф

Вечерва се играат девет натревари во НБА-лигата за кои Sport Life подготви одлична понуда со 161 различна игра. Освен на конечен исход, може да се игра на вкупно поени, на разни хендикепи, поени во секоја четвртина, Т1 и Т2 и уште многу разновидни игри.

Вечерва играат двата најдобри тима во Западната конференција кои се наоѓаат во победнички ритам, Денвер нагетс и Мемфис гризлис. Мемфис е со најдобра форма во НБА-лигата, има скор 30-13, се наоѓа во серија од десет победи по ред и вечерва има одлична шанса да дојде и до единаесеттата, а квотата за тоа е само 1.43. Противник на Мемфис е Кливленд кавалирс, кој има скор 28-17 и е петти во Источната конференција.

Лидерот на Западот, Денвер нагетс, кој има само една победа повеќе од Мемфис, игра против Минесота тимбервулфс, а во центарот на вниманието ќе биде Никола Јокиќ. Србинот е неверојатен и оваа сезона, има просек од 25 поени, 11 скока и 9,8 асистенции по натпревар и единствено прашање кое си го поставуваат фановите на Денвер е дали ќе дојде до нов трипл-дабл. Јокиќ досега има 13 трибл-дабл остварувања и е лидер во целата лига во оваа статистичка категорија.

Уште една интересна пресметка се очекува да биде таа меѓу Далас маверикс и Атланта хоукс бидејќи еден против друг ќе играат Лука Дончиќ и Тре Јанг. Интересно е што на драфтот, кој се одржа во 2018 година, Далас и Атланта ги разменија своите избори, а тоа беа токму Дончиќ и Јанг.

Посебно интересни за обложувачите што ја следат внимателно НБА-лигата е понудата со кошаркари за индивидуални тотали во поени. Има граници за плус и минус, а ноќеска во понудата има дури 49-мина кошаркари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести