Вечерва ќе биде познат и вториот учесник во најскапиот меч во светот

Екипата на Хадерсфилд минимално со 1:0 го победи Лутон и на тој начин стана првиот учесник во финалето од плејофот за пласман во Премиер лигата во Англија. Првиот меч на овие два тима заврши 1:1, а Хадерсфилд пред своите навивачи со гол во 84 минута стигнаа до голема радост и пласман во мечот кој ќе решава за патникот во елитното друштво.

Противник на Хадерсфилд ќе се знае вечерва по реванш мечот меѓу Нотингем форест и Шефилд јунајтед. Нотингем на гости победи со 2:1, што значи дека вечерва на свој терен доволно е да не загуби, за да си обезбеди место во финалето кое ќе се игра на „Вембли“.

Финалето од плејофот за влез во Премиер лигата е познат и како најскапиот меч во светот, затоа што екипата која ќе победи и ќе се пласира во елитното друштво, во период од следните три сезони ќе има загарантирани 135 милиони фунти, а таа сума може да достигне и до 265 милиони фунти во следните пет години.

- Оглас -

Најнови вести