Вечерва нема да има спиење во Брегот на Слоновата Коска – чудниот гол на Алер им донесе финале (Видео)

Брегот на Слоновата Коска се пласира во финалето на Африканскиот куп на нациите откако минимално со 1:0 славеше над ДР Конго. Во борба за златото, Брегот на СК во финалето ќе игра против Нигерија.

Голот кој донесе голема радост кај фановите во земјата организатор на Африканскиот куп на нациите го постигна Себастијан Алер. Ѕвездата на Борусија Дортмунд на чуден начин успеа да зафати една топка и да ја испрати во мрежата на противникот.

https://twitter.com/i/status/1755345227047444846

Финалето на Африканскиот куп на нациите ќе се игра в недела од 20 часот.

- Оглас -

Најнови вести