Вечерва нема НБА, но почнува Евролигата, со нова химна и богата понуда за обложување (Видео)

Кошаркарската Евролига се враќа на сцената вечерва, од 19.30 часот, со пресметката на Анадолу Ефес и Зенит, а стартот на најсилното клупско натпреварување во Европа не ги радува само љубителите на кошарката, туку и обложувачите кои се обидуваат да заработат ако точно ги типуваат исходите на натпреварите.

Освен тоа што во Sport Life може да се обложите на конечен тип (со или без продолжение), тука се и многу други игри, како полувреме-крај, број на поени на едниот или другиот тим, победа со хендикеп, за секоја четвртина или полувреме посебно и уште многу можности кои ви ги нуди најдобрата обложувалница во Македонија.

Секако, може да се обложите и на индивидуалци доколку процените дека некој кошаркар може да даде одреден број поени.

Најголемо внимание денеска привлекува дербито во Барселона, каде што Барса ја пречекува ЦСКА Москва. Во минатата сезона ЦСКА славеше убедливо во Барселона, но Каталонците победија во Москва. Овие два тима заедно со Реал Мадрид и Анадолу Ефес се спомнуваат како главни фаворити за титулата.

Првото коло секогаш е интересно и нуди можност за изненадување, ваше е да го „намирисате“.

Мечевите ќе се играат без публика, а сите дуели ќе почнат со едноминутно молчење во чест на играчот Мајкл Оџо, кој играше за Црвена ѕвезда и е член на лекарскиот тим на ЦСКА, кој почина по компликации од корона-вирусот.

Новина во Евролигата е химната, која всушност е ремикс на старата „Devotion“. Слушнете ја новата, многу поубава верзија од онаа старата:

- Оглас -

Најнови вести