Вечерва продолжи да „живее“ најубавата фудбалска сказна во Европа!

ФА купот на Англија е најстарото клупско натпреварување во светот и секогаш носи посебна магија. Дека е така, се покажа и вечерва на дуелот меѓу Борнмут и Борехем вуд.

Членот на Чемпионшип лигата, Борнмут, на свој терен го пречека петтолигашот Борехем вуд, а домаќините иако беа големи фаворити, на крајот се случи чудо. Членот на Национал лигата успеа да победи и да се пласира во осминафиналето на ФА купот.

Ветеранот Марк Рикетс беше стрелец во 38-мата минута, гол доволен за победа на петтолигашот и продолжување на сензационалниот настап во најстарото натпреварување во светот.

https://twitter.com/i/status/1490406451029884928

Со оваа победа, Борехем вуд за првпат во клупската историја ќе игра во осминафиналето на ФА купот, а таму ги очекува еден од најважните мечеви во клупската историја. Петтолигашот ќе гостува во Ливерпул на Евертон.

- Оглас -

Најнови вести