Вечерва продолжува снукер мечот кој синоќа беше шокантно прекинат со влетување на протестант

Ветераните Џо Пери и Роберт Милкинс вечерва од 20 часот „од втора мајка“ ја почнуваат својата битка од првото коло на Светското првенство во снукер, откако синоќа, за време на првиот фрејм, мечот им беше прекинат од човек кој протестираше против фосилните горива со качување на масата на која играа Милкинс и Пери и истурање на жолт прашок.

Ова беше шок за сите, првпат се случува вакво нешто на снукер меч, а и на Милкинс и Пери им беа изменети плановите бидејќи ќе треба да играат на ден кој беше предвиден да биде слободен, додека вечерва наместо втората сесија, ќе ја играат првата.

Според квотите во Sport Life, благ фаворит за победник е Милкинс, за кој квотата дека прв ќе дојде до 10 освоени фрејмови е 1.75, додека квотата за Пери е 2.08.

- Оглас -

Најнови вести