Вечерва за еден од гигантите завршува сонот за титула во ЛШ

Вечерва ќе се игра реванш натпреварот од мега пресметката во Лигата на шампионите помеѓу два фудбалски гиганти кои постојано се во најтесниот круг на фаворити за титулата, Баерн Минхен и ПСЖ.

Првиот натпревар што се играше на „Паркот на принцевите“ заврши со триумф на Баерн од 1:0 и вечерва на „Алијанц арената“ ќе падне одлуката кој ќе продолжи во четвртфиналето.

Пред две сезони, Баерн и ПСЖ играа во четвртфиналето и како победник излегоа Светците. ПСЖ славеше со 3:2 во Минхен, додека Баерн победи во реваншот со 1:0, но тогаш важеше правилото за гол во гости и Светците се пласираа во полуфиналето.
Но, Баерн ја има остварено најважната победа во меѓусебните натпревари, во 2020 година во финалето на ЛШ, во Лисабон победи со 1:0.

Светците ќе бидат ослабени вечерва поради неиграњето на Нејмар за кого заврши сезоната, но оптимизам внесува Килијан Мбапе кој е целосно опоравен од повредата и минатиот викенд испиша историја, стана најдобар стрелец на ПСЖ.
Во второто осминафинале, Тотенхем пред своите навивачи ќе брка негатива од 0:1 против Милан.

Петлите конечно ќе можат да бидат предводени од Антонио Конте кој поради оперативен зафат во последните неколку недели не седеше на клупата.

„Живееме за вакви моменти кога расте притисокот. Не заборавајте дека минатата година игравме во Лигата на конференции. Оваа сезона играме во ЛШ, победивме во групата и имаме можност со победа над Милан да одиме во следната фаза“, рече Конте.

- Оглас -

Најнови вести