Вечерва загубија од Унгарија, а утре од 6 наутро мора да одат на работа

Некои репрезентации играат квалификации за СП 2022 само колку да пополнат број во групите. Таков е случајот со Сан Марино, една од најслабите селекции во Европа, но тоа и не чуди, бидејќи голем дел од репрезентативците кои играат за оваа мала земја од Апенинскиот полуостров, не се професионални фудбалери, туку тоа им е хоби, а си имаат друга работа од која заработуваат пари.

Дури седум играчи од кои многумина вечерва настапија против Унгарија и загубија со 0-3, утре мора да одат на работа и тоа прва смена. Ѕонѕини треба да се појави на работно место уште во 6 часот.

В среда, Сан Марино има дуел со Албанија, па некои од играчите ќе земат два слободни дена, за да се подготват за мечот, а утре после работа треба да одат на тренинг. Во селекцијата на Сан Марино, само тројца се професионални фудбалери и играат во италијанската Серија Ц.

- Оглас -

Најнови вести