Вечерва започнува битката за титулата во НБА, Денвер и Јокиќ големи фаворити со победа да го отворат големото финале (Фото)

Вечерва започнува големото финале во НБА-лигата меѓу Денвер нагетс и Мајами хит, а Sport Life, ја има најдобрата понуда за своите обложувачи.

Денвер нагетс предводен од Никола Јокиќ кој испишува историја во плејофот, е голем фаворит за победа на првиот меч од финалната серија која се игра кој прв до четири победи.

Денвер во првата рунда со 4-1 во победи ја елиминира Минесота тимбервулфс, во конференциското полуфинале беше подобар од Феникс санс со 4-2 во победи, а во финалето на Западот, ги „исчисти“ ЛА Лејкерс со чисти 4-0. Јокиќ блеска во плејофот,  на 15 натпревари, имаше дури осум трипл-дабл остварувања.

Мајами хит исто така е сензација во плејфот во НБА-лигата бидејќи има шанса да стане првиот тим кој преку плеј-ин турнир влегол во разигрувањето за титулата, а потоа и го кренал шампионскиот пехар.

Жешките прво загубија од Атланта во плеј-ин турнирот, но со победата над Чикаго го обезбедија осмото место во Источната конференција и веднаш покажаа дека никој не смее да ги потценува. Во првото коло, со 4-1 во победи го елиминираа најдобриот тим на Истокот, Милвоки бакс, а потоа беа подобри од Њујорк никс со 4-2.

Во финалето на Источната конференција, Жешките во неверојатна серија, во која поведоа со 3-0 во победи, но потоа забележаа три порази во низа, преку триумф во седмиот одлучувачки меч, го елиминираа Бостон селтикс и си закажаа финална битка за титулата со Денвер.

Квотата за триумф на Денвер изнесува 1,35, а Sport Life нуди три опции да се одигра на хендикеп. Во обложувалниците на Sport Life може да се одигра на триумф на Денвер со 6.5, со 8.5 и со 10.5 поени разлика со одлични коефициенти.
Финалната серија не може да помине без игрите за „плус-минус“ поени, скокови и асистенции на кошаркарите.

Очекувано, највеќе поени се очекуваат од првите ѕвезди на двата тима, Никола Јокиќ и Џими Батлер, и граница за нив изнесува 27.5 поени.

- Оглас -

Најнови вести