Прославениот српски стручњак Бора Милутиновиќ, беше присутен во Доха и учествуваше во извлекувањето на групите за Светското првенство во Катар.
Милутиновиќ кој во септември ќе наполни 78 години, изгледа одлично, а по социјалните мрежи има шеги дека Бора ќе присуствува и ќе изгледа исто вака и на ждрепката за Мундијалот во 2050 година.
Милутиновиќ е еден од двајцата тренери кои како селектори воделе дури пет различни репрезентации на светски првенства.


