Вечниот Скола уште ќе игра кошарка – На 40 години се пресели во Варезе

Луис Скола ќе ја продолжи неверојатната кошаркарска авантура најмалку уште една сезона и ќе игра за Варезе во Италија.

Аргентинецот има 40 години и е ветеран во светската кошарка во која остави впечатлив траг, а сега се пресели од Милано во Варезе.

Како причина за заминувањето од градот на модата, Луси наведе дека темпото со настапи и во Италија и во Евролигата му е напорно.

Скола размислуваше и за пензија, но сака да игра на уште едни Летни олимписки игри, па ќе настапи за Гаучосите и во Токио следната година.

- Оглас -

Најнови вести