Вечното ракометно дерби не може да помине без тензии

Ракометарите на Вардар го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:25 и по 16-ти пат триумфираа во Купот на Македонија, а мечот не можеше да помине без инциденти кои за жал се редовни на дуелите меѓу овие две екипи.

Веднаш по завршување на натпреварот кој се играше во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, ракометарот на Е. Пелистер, Суси, фрли шише кон тренерот на Вардар, Владо Недановски, поради наводна провокација, по што настана мала мешаница, но страстите веднаш се смирија.

- Оглас -

Најнови вести