Веднаш го најдоа хулиганот што го повреди Паје – Казната е во стилот „ќотекот е излезен од рајот“ (Видео)

Хулиганот што со шише полно со вода го погоди во глава Дмитри Паје и предизвика прекин на мечот меѓу Лион и Олимпик Марсеј веднаш беше пронајден на трибините на стадионот во Лион и експресно доби казна, што ретко се гледа.

Човек од обезбедувањето на Лион го пронајде хулиганот на трибината, а потоа навивач на домаќините влезе во физичка пресметка со предизвикувачот на инцидентот и му удри шлаканица.

Големиот инцидент се случи на почетокот на дербито меѓу Лион и Олимпик Марсеј, а повторно цел на хулиганите во Франција беше Паје.

Ѕвездата на Олимпик Марсеј во сличен инцидент беше гаѓан со шишиња со вода од навивачите на Ница, па и тој меч беше прекинат.

Тогаш се случи голем инцидент и навивачите на Ница влетаа на терен за да се пресметаат со играчите на Олимпик Марсеј, па одново се преигра дуелот без присуство на публика.

Сега, за среќа симпатизерите на Лион, не влетаа на теренот, а казната за хулиганот е во стилот „ќотекот е излезен од рајот“, но тоа е само првична реакција.

Можно е хулиганот што го погоди Паје да добие и кривична пријава, а сигурно е дека ќе му биде забранет влез на стадионите во Франција. Како се случи инцидентот, може да видите ТУКА.

Казна за лоша организација на мечот веројатно го чека и Олимпик Лион.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести