Вејн Руни се спаси од маките, но ќе биде под надзор

Вејн Руни доби убави вести од раководството на Чемпионшип лигата и на Дерби каунти му е дозволено да купува играчи, но под одредени услови и со лимитирани плати.

Руни е менаџер на популарните Овни, кои моментно имаат само деветмина сениори во тимот и имаа голем проблем пред стартот на лигата на 7 август.

Дерби имаше забрана за трансфери поради административни проблеми, а клубот веќе подолг период го мачи голема финансиска криза. Сега забраната е симната со одлука на ЕФЛ, па Руни ќе може да ангажира нови играчи, но клубот ќе биде под надзор, односно не смее да ги мине поставените лимити.

Ќе можат да ангажираат нови фудбалери, но најмногу со едногодишен договор и со лимитирани плати, што го прави Дерби каунти еден од кандидатите за испаѓање од Чемпионшип лигата.

Дерби ќе ја почне новата сезона во второто по ранг натпреварување во Англија на 7 август, на домашен терен против Хадерсфилд.

 

- Оглас -

Најнови вести