Уникатен изум на дански тим: Веќе нема да мора ни да се оди на стадион!

Челниците на данскиот Архус се подготвени на уникатен изум. На 28 мај Архус на свој терен го пречекува тимот на Рандерс во првото коло од новото првенство кое требаше да започне пред два месеци, но стартот беше пролонгиран поради пандемијата од Коронавирусот.

Во Архус решиле да ја искористат апликацијата „Зум“, која во овие два месеци на пандемија стана најпопуларна видео платформа во светот. Од Архус решиле да постават 22 камери од кои навивачите ќе може да го следат мечот. За такво нешто, фановите претходно ќе мора да купат карта и да одберат од која камера ќе сакаат да го следат натпреварот.

На тој начин, навивачите ќе добијат впечаток дека се на стадион и дека во живо од трибините го следат дуелот.

„Горди сме што ќе бидеме првиот клуб во светот што ќе ја искористи дигиталната ера на тој начин. Некое време мечевите ќе се играат без публика, па тоа е поттик за навивачите да добијат впечаток дека се на трибините“, стои во објаснувањето од данскиот клуб.

Освен домашните фанови, карти за такво визуелно следење на мечот ќе може да купат и гостинските навивачи на Рандерс.

 

- Оглас -

Најнови вести