Веќе нема дилеми: Чави ќе биде нов тренер на Барселона, а познати се и сите детали

Чави ќе биде нов тренер на Барселона и во тоа веќе нема дилеми.

Каталонскиот тим постигна договор со Ал-Сад и ќе треба да му исплати пет милиони евра обесштетување за предвремено раскинување на договорот, а тој утре ќе допатува во Барселона.

Тој викендов ќе го следи настапот на својот тим против Селта Виго од трибините, а неговото деби на тренерската позиција ќе го има на 20 ноември, односно по репрезентативната пауза, во големото градско дерби против Еспањол.

Воедно, во јануари Барса ќе треба да отпатува во Доха, каде што ќе одигра контролен натпревар токму со Ал-Сад.

- Оглас -

Најнови вести