Веќе нема дилеми, одреден датумот на кој Меси ќе дебитира за ПСЖ

Новото огромно засилување на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, својот прв официјален настап во дресот на Светците ќе го има на 29-ти август, кога во рамките на четвртото коло од француската лига, ПСЖ ќе го пречека Ремс.

Од клубот сакаат дебито на Меси да биде на домашен терен на „Паркот на принцовите“, и затоа Меси нема да игра в петок на гостувањето кај Брест, иако Лео кој долго беше на одмор и немаше тренирано, можеби е подготвен да добие одредена минутажа уште тогаш. Сепак, нема да се ризикува, Меси ќе добие повеќе време за подготовка и фановите на ПСЖ уште отсега во календарот со црвена боја го заокружуваат 29-ти август.

Парижаните победија во првите две кола од новата сезона во Лига 1, но кога на ѕвездениот тим ќе му се приклучи и Меси, тоа ќе биде спектакл, и со нетрпение ќе се чека да се види како ќе функционира тимот на Маурисио Покетино.

- Оглас -

Најнови вести