Веќе немаат проблеми со Ковид-19, ама имаат со пари и им се заканува исфрлање од лига

Украинскиот прволигаш Карпати преживеа доста лоши моменти годинава, а сега им се заканува и преселба во понизок ранг на натпревари.

Денеска требаше да играат против Мариупол на гостински терен, но фудбалерите на клубот од Лвов не допатуваат, пто им е втор ваков случај по ред.

Истото им се случи и пред три дена, а причината е големата беспарица што го тресе клубот. Претходно во мај и во јуни ги тресеше голем проблем со Коронавирусот и им беа одложени неколку натпревари во плејаутот, бидејќи имаа заразени фудбалери со Ковид-19.

Сега поради проблеми со парите пропуштија самоволно два меча, што се казнува со автоматска преселба во понизок ранг на натпревари.

Карпати е на последното место во Лигата за испаѓање во Украина со 15 бода, но и со пет меча помалку од Лвов, екипа што им е градски ривал и веројатно ќе ја искористи кризата кај соседите и ќе се спаси од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести