Веќе се познати сите Интерконтинентални баражи, а некои квалификации сè уште не се започнати

По европскиот бараж, ФИФА го одржа ждребот и за плеј-офот за СП и на светско ниво.

Најинтересна ќе биде битката меѓу петтопласираниот во Јужна Америка и Азија.

Во моментов, во Јужна Америка на таа позиција е Перу, но голема ќе биде битката, бидејќи во игра се шест селекции за четвртотто место кое носи дирекно на СП, како и петтопласираниот кој ќе игра бараж.

Кај најнаселниот континент, пак, има уште време за да се одлучи кој ќе патува во Интерконтиненталниот бараж.

Во две групи се распределени 12 селекции, прво и второпласираните патуваат во Катар. Додека, пак, третопласираните ќе играат уште еден меч, со кој ќе се одлучи кој ќе оди на дополнителен бараж.

Интересно е што Окејанија, која што сè уште ги нема започнато квалификациите, ќе игра со четвртопласираната селекција од Конкакаф зоната.

Овие мали островски земји, ќе го одржат ждребот за три дена, а во 2010 беше нивниот последен претставник, откако Нов Зеланд успеа да се пласира на првенството во Катар.

Терминот за Интерконтиненталните баражи е закажан за 13 и 14 јуни.

- Оглас -

Најнови вести