Веќе се продадени 5 илјади билети за следното финале во ЛШ во Келн

Фајналфор турнирот во Келн за ракометната титула во Лигата на шампионите е вистински спектакл, за кој идната година веќе се продадени 5 илјади билети. И тоа за финалниот меч, што ќе се игра во 2020 година, иако се уште не е почнато актуелното финале меѓу Вардар и Веспрем.

Капацитетот на „Ланксес“ арената во Келн е околу 20 илјади места, а пет илјади од нив веќе се резервирани за мечот за титула во 2020 година.

Интересот секоја година за ракометниот спектакл што трае два дена е голем, а се очекува денеска од 18 часот арената во Келн да биде исполнета до последно место. И според најавите од ЕХФ дека веќе се продадени 5 илјади влезници за следната година, јасно е дека ракометната бајка во Келн продолжува.

- Оглас -

Најнови вести