Веќе се знае и кој ќе заврши на второ место во Англија

Манчестер сити го доби дербито против Лестер и тоа на гостински терен, па Граѓаните само ја потврдија втората позиција на табелата во Премиер лигата. Актуелниот првак на Англија, која на крајот од сезоната ќе го предаде приматот на Ливерпул, со голема веројатност ќе заврши на второто место сезонава.

Габриел Жезус беше џокерот за гостите, откако влезе во игра во 77 минута, а три минути подоцна беше стрелец на единствениот гол, кој донесе радост на Сити. Во текот на поголемиот дел од мечот, гостите беа подобри создадоа повеќе шанси, а промашија и пенал. Серхио Агуеро шутираше во 62 минута, а Каспер Шмајхел одбрани. Сепак, Шмајхел беше немоќен во 80 минута.

За Жезус ова беше четврти погодок во петиот меч против Лестер. Бразилскиот репрезентативец повеќе голови има дадено само против Евертон. Со оваа победа, Сити стигна до 57 бодови и сега има седум повеќе од Лестер кој остана на третото место.

- Оглас -

Најнови вести