Веќе станува традиција: Финалето во Лигата на Европа трет пат по ред во регуларните 90 минути завршува со ист резултат (Видео)

Ќе има продолженија, а можеби и пенали за да се дознае победникот во Лигата на Европа. Севиља и Рома одиграа 1:1 по регуларните 90 минути игра, па борбата за трофејот ќе трае најмалку уште 30 минути.

Интересно е дека ова е третпат во низа, финалето во Лигата на Европа по 90 минути да заврши 1:1. Пауло Дибала прв погоди и донесе радост за Рома, која имаше предност по првите 45 минути.

Во второто полувреме Севиља беше подобар тим, а Шпанците израмнија благодарение на автоголот на Манчини.

- Оглас -

Најнови вести