Велемајсторот се разигра – Де Бројне погодуваше и асистираше, Сити го декласира Јунајтед во дербито на Манчестер (Видео)

Кевин Де Бројне одигра велемајсторски и е играч на мечот во манчестерското дерби што го доби Сити со 4:1 против Јунајтед во меч од 28. коло во Премиерлигата.

Белгиецот, кој беше прогласен за најдобар фудбалер во Англија за минатата сезона, блесна со два гола во петтата и во 28. минута, а потоа и му асистираше на Ријад Марез во 68. минута за слатка победа на шампионот, против најлутиот ривал во Премиерлигата.

Марез постигна уште еден гол во самиот финиш за убедлива победа на шампионот од 4:1.

Манчестерв јунајтед играше без Кристијано Роналдо и се обиде да направи подвиг против шампионот и лидер во Премиерлигата, но се што успеа да направи е да постигне еден гол, преку Џејдон Санчо.

Дербито беше одлично, со четири гола и многу шанси на двете страни, а подобри беа домаќините.

Со новата победа Манчестер сити остана на врвот на табелата со 69 бода, шест повеќе од Ливерпул, кој му е единствен конкурент за титулата.

Манчестер јунајтед падна на петтото место со 47 бода и сега е надвор од зоната што води во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести