Велешанец погоди два луди точни резултати, 30 денари уплата ги претвори во добивка од над 54 илјади

Храбар, но и „видовит“ прогнозер во уплатно место на обложувалницата Sport Life во Велес погодил дека Германија ќе го победи Лихтенштајн со 9-0 и оваа прогноза ја ставил на тикет со четири меча и погодени му се сите четири.

Со тоа овој велешанец само со 30 денари уплата, дојде до добивка од 54.138 денари. Квотата за победа на Германија од 9-0 е дури 67.

Тука не е крајот на лудилото. Овој прогнозер погодил уште еден точен резултат, и тоа за мечот Сан Марино – Израел (0-4) од квалификациите за младинското ЕП за играчи до 21 година. Овој играч на истиот меч типувал и резултат 0-5, но тој исход не го погоди. Сите четири гола паднаа до 31-вата минута и вистинско чудо е како не падна уште некој погодок.

На тикетот се и уште два меча од младинските квалификации. Максималната можна добивка му беше над 128 илјади, но бидејќи има две комбинации, јасно беше дека не може да добие толку пари. За мајсторот за прогнозирање подобро ќе беше Израел да победеше со 5-0, така што квотата е поголема и добивката ќе беше поголема, но и вака е одлично.

 

НА ПРОГНОЗЕР ОД МАЏАРИ МУ СЕ ИСПЛАТЕШЕ ДОВЕРБАТА ВО МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ

Во уплатно место на Sport Life во скопско Маџари, еден обложувач доби 22.215 денари на тикет со уплата од 50 денари. На тикетот, „патриотски“ е одиграно на победа на Македонија на гости кај Ерменија во комбинација со 4+ голови и наше водство и по првото полувреме. Квотата за оваа игра беше 13.

И другите три погодени квоти на тикетот му се одлични, над 3.00. Погодено е дека на средбата Романија – Исланд ќе има 0-1 гол, на Словачка – Словенија дека ќе има барем три гола и двете селекции ќе дадат гол, а средбата заврши 2-2. За Русија – Кипар играно е „еден во еден“ и 4+ голови, а дуелот заврши 6-0 (на полувреме 1-0).

- Оглас -

Најнови вести