Партизан ја задржа челната позиција во регионалната АБА лига, откако убедливо со 87:57 го победи ФМП на гости, во рамките од 16. коло. За Црно-белите ова беше 13-та победа, додека домаќините го претрпеа седмиот пораз.
Уште од самиот почеток беше јасно дека гостите ќе немаат милост. Партизан покажа челична игра во одбраната и по првите 10 минути прими само шест поени за водство од 12 разлика. И во останатиот дел од мечот гостите само продолжуваа да ја зголемуваат позитивата, која на крајот изнесуваше 30 поени.
Овој меч беше посебно значаен за Новица Величковиќ. Легендата на Партизан го одигра 472 меч во „црно-белиот“ дрес и стана играч со најмногу натпревари, надминувајќи го досегашниот рекорд на Петар Божиќ.
Многу поинтересно беше на мечот Цедевита – Морнар на кој се радуваа гостите со 91:90 и тоа дури по продолжение од пет минути.