Великаните играјќи голф собраа богатство кое ќе се донира во борбата против Ковид-19

Вчера во Флорида се одржа еден од најголемите спортски настани од хуманитарен карактер во САД за време на корона-вирусот.

Четворицата великани во своите професии, НФЛ ѕвездите Том Брејди и Пејтон Менинг, односно голф-легендите Тајгер Вудс и Фил Микелсон одиграа партија голф која се пренесуваше во живо и за само неколку часа собраа 20 милиони долари кои ќе се донираат во борбата против Ковид-19.

Се играше во парови, а триумфираше тандемот Вудс – Менинг.

Воедно овој меч се искористи како најава за продолжување на сезоната во голф, која рестартот најверојатно ќе го дочека по три месеци, односно на 11 јуни на ПГА турнирот во Тексас, САД.

- Оглас -

Најнови вести