Велковски ќе добива третина плата, сопственикот на Риека вели: И така сме дупка без дно

И Дарко Велковски ќе мора да игра за третина од платата што ја има во Риека, а мерката на играчите на еден од најуспешните хрватски клубови им ја соопштил првиот човек на клубот Дамир Мишковиќ.

Бизнисменот, кој има 70-отсто од акциите на клубот, вели дека и така хрватскиот фудбал, а со него и клубовите се дупка без дно, а сега со кризата со Коронавирусот правецот е кон аматеризам.

„Ситуацијата е тешка, веројатно и најкомплицирана во последните десетлетија. За да преживееме, мора да има резови. И онака хрватскиот клупски фудбал е дупка без дно. Тешко се враќаат вложените пари, сега по кризата ќе биде уште потешко. Ако не се откажеме од дел од платите, одиме кон аматерски услови на прволигашки фудбал“, изјави Мишковиќ.

Со неговото доаѓање на кормилото на клубот, Риека се стабилизираше и има една од водечките улоги во ХНЛ. Нашиот репрезентативец Дарко Велковски е член на Риека, а најавено е дека заедно со соиграчите ќе мора да се откажат од две третини од платите додека трае кризата.

Едната третина ќе им биде исплаќана на фудбалерите редовно, втората ќе почнат да ја добиваат во периодот на летниот преоден рок, а последната третина ќе ја нема и од неа Велковски и соиграчите ќе треба да се откажат за извесен период во иднина.

Слично сценарио имаше и во Динамо Загреб, Но капитенот Аријан Адеми и соиграчите на ја прифатија одлуката на раковдоството на модрите, па неизвесно е што ќе се случува понатаму.

- Оглас -

Најнови вести