Велковски се повреди, се чека Адеми да пристигне од Загреб

Не може без проблеми кога се работи за составот на Македонија. Последните вести се дека Дарко Велковски се повредил на последниот тренинг, додека Адеми ќе ја добие трката со времето и треба да биде пристигне навреме од Загреб, за утрешната средба против Италија.

„Дарко Велковски почувствува болки во ногата на претходниот тренинг и е неизвесен дали ќе биде во конкуренција за утрешниот меч. Алексадар Трајковски делува многу мотивирано и подготвено да се стави во служба на тимот. Без разлика што тие сега немаат клуб, секогаш може да помогнат на репрезентацијата. Адеми го очекуваме навреме да ни се приклучи и се надевам дека ќе игра“, рече Милевски на денешната прес конференција.

- Оглас -

Најнови вести