Велс никогаш не ја победил Хрватска!

Репрезентацијата на Хрватска вечерва на “Пољуд” ги започнува Квалификациите за пласман на ЕВРО 2024 со дуел протв Велс.

Хрватска откако го освои третото место на Светското првенство влегува како апсолутен фаворит против репрезентацијата на Велс, а квотата за нивна победа во понудата на Sport Life е 1.47. Оваа квота можете да ја зголемите на 1.65 доколу се одлучите  да го играте овој натпревар од понудата на Супер тип.

Овие две репрезентации досега одиграле вкупно шест меѓусебни натпревари, на кои Велс нема ниту една победа! Хрватска забележала победа на четири натпревари, додека два меча завршиле нерешено. Интересно, победник немало на првиот дуел помеѓу Хрватска и Велс одигран во 2002 година, но и на последниот кој се играше во 2019 година.

Дополнително, репрезентацијата на Хрватска само еднаш загубила на отворањето на квалификациски циклус за Европско првенство. Тоа се случило во Квалификациите за ЕВРО 2000, кога хрватите на стартот беа поразени од Ирска на гостински терен со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести