Венгер ја одбил Барселона!

Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал, наводно одбил да биде иден тренер на Барселона. Францускиот спортски мериум „Ле10 спорт“ тврди дека искусниот француски стратег не ја прифатил понудата од Каталонците да ја преземе екипата почнувајќи од следната сезона.

Откако Барселона ја загуби титулата во Ла Лига, одлучи да го задржи Кике Сетјен додека се во игра во Лигата на шампионите, но управата во меѓувреме врши напори да најде адектватен тренер. Венгер бил еден од потенцијалните кандидати за замена на Сетјен, меѓутоа експредводникот на Арсенал и покрај преговорите одбил да соработува со шпанскиот гигант.

Венгер откако си замина од Арсенал има различна функција во ФИФА, но има желба да се врати на првата професија во која оствари голем успех низ годините. Сепак, Барселона нема да биде клубот во којшто Венгер ќе почне нов тренерски проект.

- Оглас -

Најнови вести