Венгер најде работа во Цирих

Долгогодишниот предводник на Арсенал, Арсен Венгер, по повеќе од една година откако го напушти кормилото на Топчиите, конечно најде работа. Не како што се очекуваше, повторно да биде тренер, туку ќе биде назначен за нов потпретседател на ФИФА.

Венгер ќе ја преземе функцијата на која до неодамна беа Ѕвонимир Бобан и Марко ван Бастен. Она што се очекува во наредните неколку дена е потврда од претседателот на Светската фудбалска куќа, Џани Инфантино, но и официјалната согласност на Венгер.

Легендарниот стратег по крајот на сезоната 2017/18 го напушти Арсенал по цели 22 години, клубот со кој оствари огромен успех во текот на годините, а оттогаш одби неколку понуди. Во меѓувреме се појавуваше на познати ТВ-емисии како аналитичар, пред сè за натпревари од Премиер лигата и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести