Венгер одлучи: И во новата сезона ќе одмора

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека не е подготвен да се врати во фудбалот на тренерската позиција. Искусниот 69-годишен Французин минатото лето си замина од Арсенал, клубот во кој помина повеќе од две децении работа.

Венгер тогаш најави дека му е потребен едногодишна пауза, а потоа дека ќе се врати како тренер. Неговото име се споменуваше како можен нов тренер на Њукасл. Сепак, Венгер ги демантираше овие гласини и најави дека и во новата сезона ќе биде без ангажман.

„Во блиска иднина нема да се вратам на тренерската работа. Не сум подготвен за такво нешто. Претходно мислев дека ќе се вратам по една година пауза, но малку се одалечив од фудбалот и тоа ми одговара. Веќе 35 години работев без престан и заслужувам мала пауза“, рече Венгер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести