Венус Вилијамс се врати на тениските терени и загуби од тенисерка која не била ниту родена кога американката веќе имала четири ГС титули

Венус Вилијамс по пет месеци пауза поради повреда, се врати на тениските терени на ВТА-турнирот во холандскиот Хертогенбош. Четириесет и тригодишната американка загуби од 17-годишната швајцарска тенисерка Селин Наеф со 2-1 по сетови (3-6, 7-6 и 6-2), што воедно претставува и прва ВТА победа за младата тенисерка во нејзиниот прв натпревар.

Разликата во возраста помеѓу двете тенисерки е 25 години и 8 дена, но сепак тоа не е рекорд. Најголемата разлика во возраста на еден тениски натпревар се случи во 2014 година, кога младата хрватска тенисерка Дона Векиќ ја совлада јапонката Кимико Дате (7-6 и 6-2), која на денот на натпревар беше повозрасна за 25 години и 9 месеци.

Според датумот на раѓање, Наеф се родила кога веќе Венус Вилијамс на 25-годишна возраст имала освоено четири гренслем-титули.

- Оглас -

Најнови вести