Верати: Нема да биде чудо ако го елиминираме Манчестер сити

Манчестер сити е на прагот да се пласира во финале на Лигата на шампионите во фудбал откако на гости победи со 2-1 на првиот полуфинален двобој против Пари Сен Жермен, но Светците не мислат дека се аутсајдери. Плејмејкерот Марко Верати изјави дека ако неговиот тим се најде во финалето, тоа нема да биде никакво чудо.

„Ова се мечеви за кои сите фудбалери сонуваат. Очекувам убав натпревар. Треба да останеме мирни, да покажеме карактер и да го играме нашиот стил на игра. Со тие карактеристики стигнавме до полуфиналето и сето тоа е потребно за успех. Треба да ги контролираме емоциите, психологијата е многу важна, мислам дека детали ќе одлучуваат“, смета Верати.

Италијанецот верува дека некој генијален потег на Нејмар или Мбапе може да го смени текот на натпреварот.

„Некогаш ни треба генијален потег на Нејмар или Мбапе. Знаеме дека Гвардиола сака контрола врз топката, но и ние сме добар тим со добар тренер. Ако бидеме мирни и паметни, можеме да успееме. Не ни е потребно чудо, Сити има само минимална предност“, вели Верати.

- Оглас -

Најнови вести