Лајпциг со 2-1 славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах на стартот од третото коло во Бундеслигата. Црвените бикови го задржаа максималниот учинок во воведниот дел од сезоната на благодарение на нивниот неприкосновен голгетер Тимо Вернер.
Германскиот напаѓач најави дека сезонава ќе бие битка против Левандовски за Златната копачка во германскиот шампиона, со денешниот хет-трик веќе изброи пет гола по три меча, исто колку што има и ѕвездата на Баерн, кој ја освои наградата за најдобар стрелец во изминативе две сезони.
Вернер погоди прво во 38-та минута, за убедливи 2-0 ја покажа својата брзина и ја претрча целата одбрана на домаќините, кои дојдоа до почесен погодок преку Емболо во судиското надополнување, а потоа Вернер си ја зема топката за дома со третиот гол на мечот.
https://www.youtube.com/watch?v=mAO2NEZrRE0